Европската унија повеќе би сакала да постигне договор за трговски договор со Велика Британија, но подготвена е за сите сценарија, изјави денеска германската канцеларка Ангела Меркел.
– Постигнат е напредок, но не дојде до пресврт, рече Меркел во долниот дом на германскиот Парламент.
Таа додаде дека разговорите меѓу Велика Британија и Европската комисија ќе продолжат до крајот на неделава.
