Меркел со „жесток“ говор во Парламентот, Германија оди во „локдаун“ за Божиќ и Нова Година

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бројот на починати и новозаразени во Германија е загрижувачки. Веќе следната недела властите планираат да ги затворат малите продавници. Затворањето ќе трае од 16 декември, до 10 јануари.

„До Божиќ останаа само 14 дена. Мораме да превземеме се што е во наша моќ за да не дојдеме повторно до ситуација на ескпонецијален раст на инфицирани. Јас ви кажувам дека ако до Божиќ имаме премногу контакти, тогаш тоа ќе биде последниот Божиќ кој ќе го поминеме со нашите баби и дедовци. Ние тоа не смееме да го дозволиме дами и господа“, рече Меркел пред четири дена во Бундестагот.

Според информациите, Германија веќе донела одлука од 16. декември до 10. јануари да биде забранета работа на малите продавници, со исклучок на продавниците за секојдневна употреба и аптеките.

Ќе работат и банките, поштите и бензинските пумпи. Ќе бидат затворени училиштата.

Новите строги мерки се однесуваат на забрана на работа на фризерниците и козметичките салони, и салоните за масажа.

Мерките предвидуваат забрана за јавни собири за време на дочекот на Нова Година, а во приватните домови ќе биде дозволено најмногу до 5 лица, не вклучувајќи деца.

Сојузната влада објасни дека новите мерки се потребни, затоа што досегашните не дале резултати.