Месарниците ги намалија цените – некои од нив се жалат дека се одбиени за субвенционирана струја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Десетина компании од месната индустрија се одбиени за субвенционирана струја затоа што имаат инсталирано фотоволтаична мрежа. Од групацијата за преработка на месо велат дека правилата за добивање субвенционирана електрична енергија треба да се објават јасно и да се спроведуваат подеднакво за сите правни лица.

Претседателот на групацијата Гоце Трајчев додаде дека ги намалиле цените за 50 месни производи но до кога ќе трае поевтинувањето, не знаат. Од ЕСМ веднаш известија дека е решен проблемот за пет компании кои инсталирале фотоволтаици.

„Петте фирми кои имаат поставени фотоволтаици, за кои имаше застој во одобрувањето на броилата, од денеска ќе бидат снабдувани со електрична енергија од „ЕСМ продажба“ по 80 евра за мегават час. Договорите со петте компании, според соопштението, ќе бидат потпишани во текот на денот и ќе важат од денеска“, велат од ЕСМ.

Трајчев на прес конференција во Стопанската комора истакна дека компаниите се подготвени вишокот електрична енергија да го дадат бесплатно, со цел да добијат субвенционирана електрична енергија.