Денеска времето низ земјава ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне наместа ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и услови за локално невреме. Тоа ќе се случува во крајните источни и западни делови од земјата.
Во Скопје сончево и топло, а поладне во делови од скопската котлина услови за појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер.
Максималната температура во интервал од 31 до 39 степени.
