„Ми бараат мито 1 милион, не им давам“ – Екс министер за финансии се скара со полицијата која избрка градежни работници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Инспекција од општина Центар заедно со полиција ги стопираше градежните работи на објектот кај поранешниот хотел ТЦЦ Плаза.

Сопственикот на земјиштето е поранешниот министер за финансии Борис Стојменков, кој тврди дека ја има потребната документација за градба.

„Ние имаме одобрение од 2016 година, ни правеа проблеми имаме судска пресуда каде е докажано дека е во ред да се гради од Управен Суд. И сега тука упаѓаат надвор од закон надвор од се. Ова само го има во Македонија. Полиција да се меша во градење, тоа е нонсенс“, истакна Борис Стојменов.

Од друга страна, градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ вели дека општината веќе неколку пати ги предупредила дека се гради без соодветна дозвола.

„Влегуваат и работат без одобрение. Ние како инспекција на општина Центар мора да реагираме на терен доколку има такви бесправни работења“, посочи Саша Богдановиќ.

Стојменов ја обвини општина Центар дека бара мито за да продолжат со градење.

„Четири години со платени комуналии, платено се, не може да градиме затоа што бараат милион евра мито. Не им давам мито не им давам мито. Кој? Општината Центар. Милион евра бараат за да не пуштат да работиме“, додаде Борис Стојменовиќ.

Богдановиќ објави на својот фејсбук профил документ каде што се вели дека има дозвола за уривање, а не за изградба на објект. Во врска обвинувањата за мито од Стојменот,  Богдановиќ вели дека е шпекулација и нема да дозволи валкање на неговото име.

„Тоа се шпекулации. Доколку има таква изјава ќе пријавам веднаш. Веќе стапив во контакт 192  разговарав со обвинителство да се пријави и да се расчисти случајот“, посочи Саша Богдановиќ

Според постојниот детален урбанистички план, на таа локација треба да се гради деловен објект П+6, односно на шест ката. Објектот беше срушен во 2018 година. Инаку ТЦЦ Плаза беше изграден на местото на старата Стоковна куќа БЕКО.