Мигранти се сокриле меѓу садници од дрва во македонски камион на границата меѓу Србија и Унгарија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Цариниците на граничниот премин Хоргош меѓу Србија и Унгарија, откриле обид четворица мигранти илегално да влезат во Европска унија сокриени во македонски камион на пат кон Германија.

Како се наведува во соопштението од српската Царина, тие се обиделе да минат граница сокриени меѓу садници од дрва, но се откриени со мобилен скенер.

Царината на Србија додава дека такви случаи се случувале секојдневно, особено во 2020 година, кога службениците откриле 1.148 лица кои илегално се обиделе да ја минат границата на Хоргош.

error: Content is protected !!