Михајловиќ: Пехарот од ЛШ го искршивме, Панчев го носеше на свадба во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Славниот српски фудбалер а сега тренер Синиша Михајловиќ, открива интересни детали од 1991 година кога тогашната генерација на Црвена Звезда, го освои пехарот во Лигата на шампионите.

Во интервјуто Михајловиќ зборува за пехарот и вели дека тој што е на стадионот „Маракана“ во Белград не е оригиналниот, бидејќи оригиналниот бил искршен.

„Тој пехар беше секаде. Јас го носев во Борово, Југови го носеше кај себе. Биниќ го чуваше во багажникот во автомобилот. Кога ќе дојдевме во некој локал, го земаше пехарот го ставаше на маса и се пиеше. Дојде Панчев и рече: дај ми го пехарот да го носам на свадба. Биниќ му го даде, тој го однесе на свадба. Пехарот беше целосно демолиран, па мораа да направат нов. Оној пехар на „Маракана“ не е оригинален, да знаете направен е повторно“, рече Михајловиќ.