
Новинарот на СДК.МК, Горан Михајловски денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 објасни што го врзува и каква е неговата емоција во однос на самитот на НАТО во Вашингтон.
Тој вели дека ова е негова лична сатисфакција дека Македонија успеала.
„Кога ќе се сетам на моите почетоци, кога ќе се сетам на какви самити сум одел кога сме биле никој и ништо, ова е веќе нешто што ме прави горд и е дел од мојата професионална кариера за која навистина сум вложил многу“, вели Михајловски.
Новинарот Михајловски открива дека во 90-тите, на граница во Лисабон го држеле како криминалец, а главен виновник бил неговиот македонски пасош.
„Тогаш се донесе онаа несреќната Лисабонска декларација која што велеше дека оваа држава нема никогаш да биде признаена ако во зборот се содржи името Македонија. И сега од позиција „никогаш Македонија“ ние сме сега во Вашингтон, во центарот на светската безбедносна политичка елита, рамо до рамо со други 32 земји“, вели Михајловски.
Сите вести од Самитот на НАТО читајте ги ТУКА!
