Беким Незири во придружба на двајцата адвокати, Еленко Миланов и Асмир Алиспахиќ, дојде во судот. Беше повикан на разговор во врска со неговата вмешаност во нападот на 4 јануари во контролната кула на М-НАВ. Адвокатот Миланов вели дека Незири нема никаква врска со физичкото насилство што се случило во просториите на М-НАВ и дека се се случувало зад негов грб.
Според него, не е вистина дека се нападнати контролорите на летање во момент додека биле на должност. Вели дека целата фама околу ова случување започнало со дезинформацијата која се повторува постојано.
Инаку Беким Незири, претседател на огранокот на ДУИ во Чаир, вработен во М-НАВ, е еден од осомничените за насилството во М-НАВ што се случи на 4 јануари. Во Кривичниот суд денеска се одржа рочиште на кое се одлучуваше за жалбата на ЈО зошто не му е изречен притвор туку само мерка за претпазливост.
