Според резултатите од првите излезни анкети, Зоран Милановиќ освоил 51,48 отсто, а Драган Приморац 19,29 отсто од гласовите, објави „Нова“.
Ивана Кекин има 8,33 отсто, Бранка Лозо 2,56, Миро Буљ 3,48, Марија Селак Распудиќ 8,84, Нико Токиќ Картело 0,80, Томислав Јоњиќ 3,99.
Гласачките места се затворени во 19 часот. Според Вечерњи лист, во штабот на Милановиќ владеела еуфорија по излегувањето на резултатите од анкетите.
