Претседателот на Републиката Зоран Милановиќ зборуваше за трагедијата што се случи денеска во основно училиште во Загреб, каде во напад со нож загина еден ученик, а повредени се четири деца и наставникот.
„Немам зборови да ја опишам мојата тага за ужасната и невидена трагедија што не шокираше сите денес. Изразувам длабоко сочувство до родителите и семејството на детето кое денеска трагично загина во училиштето во Загреб.
Ги молам сите здравствени и социјални служби да дадат се од себе за да им помогнат на повредените деца и нивните наставници, нивните родители и семејства.
Ова е тежок момент во кој сите ние единствено мораме да ја покажеме нашата грижа и посветеност за благосостојбата на нашите деца.
И да направиме сè нашите училишта и образовни институции повторно да станат безгрижно и безбедно место за сите деца и сите вработени во училиштата, како што биле со децении“.
