Актуелниот претседател на Хрватска, Зоран Милановиќ денеска во куса изјава за медиумите потврди дека ќе оди по втор претседателски мандат.
„Вечерњи“ објавува дека СДП ќе го поддржи Милановиќ за уште еден мандат.
„Очекувам поддршка од СДСМ, ќе ми треба од низа причини, организациски, да не ме украдат. Имам многу знаењее од сите кандидати, иако тоа не е никогаш пресудно. Но, тоа се моите адути“, рече Милановиќ.
Милановиќ пред неколку месеци ја истакна својата кандидура за премиер, и сите очекуваа да се повлече и од претседателското место откако не успеа да добие мандат за премиер.
