Црна Гора ќе биде 28. членка на Европската унија, изјави Јаков Милатовиќ, претседател на Црна Гора.
„Стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан е поважно од кога било. Затоа Црна Гора мора да ја искористи шансата да стане 28-ма членка на Европската унија до 2028 година“, рече Милатовиќ за време на предавањето пред студентите во Натолин, кое одржа за време на работната посета на Полска.
Тој рече дека Црна Гора се смета за најнапредна од десетте земји кандидати за членство во ЕУ.
„Постојат пет причини зошто Црна Гора е лидер меѓу земјите кандидати. Отворивме 33 поглавја во преговорите со ЕУ и затворивме шест. Целосно ја усогласивме нашата надворешна и безбедносна политика со европската. Црна Гора е економски најнапредната од другите земји-кандидати и веќе го користи еврото. Немаме значајни отворени прашања со нашите соседи, иако со Хрватска сме членка на НАТО, а тоа ја зајакна стабилноста на Западен Балкан“, рече Милатовиќ.
