Владата на Република Северна Македонија на 50-тата седница што се одржа денеска го именуваше Миле Сугарев за в.д. генерален директор на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија кој доаѓа од позицијата директор на Секторот за финансиски прашања на ФЗОРСМ.
Сугарев доаѓа на местото на Ден Дончев кој пред неколку дена поднесе оставка од позицијата директор на Фондот поради здравствени и семејни причини
