Претседателот на Либерално-демократската партија и актуелен министер за локална самоуправа Горан Милевски денеска гостуваше во „10 Минути“ на ТВ21.
Тој вели дека отворените листи значат демократизација на општеството, односно да не се гласа само за партиите.
„Дали вредел или не вредел вие да мора да ги гласате, туку се јавува една компетитивност, гласате за личност, за квалитет… На овој начин ќе се создаде силен совет со индивидуи кои ќе го контролираат градоначалникот. Тој веќе нема да биде семоќен“, вели Милевски.
