Милиони за водоснабдување и патна инфраструктура, и повторно ова лето нема вода за пиење

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување ова се главните предизвици на нашите градоначалници во 21 век. И пак и ова лето во повеќе општини нема вода за пиење во време на високи температури и пандемија. Немаме ниту инфраструктура со која може да се пофалиме. Денеска беа потпишани нови договори во рамки на ТАВ програмата.

-Сметам дека е дојдено времето кога треба да направиме разлика помеѓу недомаќинско работење  и финансирање на елементарни потреби на нашите граѓани. Да не заборавиме дека беа акумулирани долгови можеби не на  овие градоначалници. Акумулирани долгови пред 20 години. Но, има други органи кои треба да го видат тоа-рече Фатмир Битиќи.

Се поставува прашањето дали со покривањето на долговите не се поттикнува всушност недомаќинското работење на градоначлниците. Еве, за што ќе ги искористат средствата дел од градоначалниците:

-Ние спаѓаме во задолжените општини од самите почетоци наследивме две пролематични работи, долгот на општината од 8 милиони евра и уште 4 милиони евра на средните училишта, заклучно со овој август очекуваме расчистување на сите долгови на училиштата-вели Теута Арифи, градоначалничка на Тетово.

-Конкретно нашата општина Кисела Вода аплициравме со проект за атмосферска канализација во должина од четири километри, санација на истите улици-рече Филип Темелковски.

-Ние овие средства ќе ги искорстиме за патна инфраструктура, односно за водовод и канализација, на еден од главните проекти кој планираме да биде завршен, тоа е адвокатската улица кој години наназад не беше реализиран-рече Саша Богдановиќ.

-Од програмата ТАВ Општина Македонска Каменица доби 5,3 милиони денари за изградба на канализација во индустриска зона. Како што знаете за да можеме да лицитираме и да продаваме државно земјиште, но и да ги привлечеме инвеститорите обврската на општината е да ги реши инфраструктурните потреби-вели градоначалничката на Македонска Каменица.

180 милиони евра имаат добиено општините во земјава само во време на актуелната власт, а работат со загуба од 10 милиони евра. И ќе продолжи Владата да инвестира, бидејќи ова го прават за граѓаните- вели вицепремиерот Битиќи. Според него не треба да се казнуваат граѓаните на сметка на недомаќинското работење на претходни градоначалници кои оставиле долгови во наследство.