Милошоски пушта „бомби“ во Собрание: „З.З. знаел со чии пари Бојан Јовановски прави телевизија“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пратеникот од опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски од собраниската говорница емитуваше аудио разговор, со кој тврди дека тоа е гласот на екс-премиерот Зоран Заев.

Но, му требаат пари во тоа телевизијата и.

Му требаат пари за тоа телевизијата и само прави некои комбинации.

Го прашав „Боки бе од каде бе тие парите за телевизијата“? Ми вика: „Имав еден фраер од Хрватска и од Циле, (Силјан Мицевски) што му легнаа пари тогаш за тоа старечките домови“.

Ние на неколку пати така му помогнавме во телевизијата, главно за маркетинг, тоа беше уште порано лани октомври-ноември 2018-та година.

Во аудио снимката се слуша само еден глас, кој наводно е на Заев, а со кого разговара не е познато.

Милошоски со емитувањето на овој аудио разговор вели дека токму поради тоа СДСМ не сака нелегално снимените разговори да бидат докази во судските постапки, што пак е вметнато во новиот закон за ЈО.

Вчера во судница за „Рекет“ беше презентиирана комуникација помеѓу Зоран Заев и Бојан Јовановски.

Заев до Боки 13:
„Боки ги видов доказите. Можеш ли да замислиш колку сум огорчен. Извини, но грозно е!“

Боки 13 до Заев:
„Уште еднаш да размислите и да ме примите на една средба. Никогаш не сум го злоупотребил вашето име“.

Заев до Боки 13:
„Ова не е дозволиво. Ова е чист рекет!“

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев вчера пред новинарите рече секој кој се огрешил пред законот ќе одговара. Посочи дека вибер пораките меѓу него и Боки 13, кои биле презентирани на рочиштето за овој случај како доказни материјали, докажуваат дека тој постапил и го пријавил случајот.

„Тие пораки се доказ за тоа каков човек сте и велите дека не ме интересира. Без разлика дали некој имал провладин медиум, дали ме величал мене или ги поддржувал моите политики, ако се огрешил пред законот има да одговара, за разлика од минатото кога зборувавме за милијарди, а никој не слушна дека поранешниот премиер пријавил некој случај. Премиерот треба да биде пример како треба да постапува правната држава“, истакна Заев.

На прес конференција техничкиот премиер Оливер Спасовски рече дека секој кој постапил спортивно на законот ќе треба да одговра и дека обвинителството треба да постапи по сите докази.

Од ДПМНЕ велат дека новиот закон е амнестија за Зоран Заев, Катица Јанева и Боки 13. Потпретседателот на ДУИ, на денешната прес конференција и официјално објави дека во новиот закон за Јавно обвинителство се прифатени сите барања на нивната партија.