Ова се германски државјани. Тие се активисти на хуманитарното здружение FrendsHelpFrends.
Дојдени се од Германија за да им помогнат на сиромашните семејства во нашата земја. Заедно со иницијативата “Рака на милосрдието“ организираа собирање на 100 пакети со храна кои им ги испратија на семејства на кои им се потребни. Една од членовите на иницијативата Рака на милосрдието е Љуље Мифтари која вели дека на овој Рамазан се зголемени потребите од храна, и тоа поради пандемијата.
„Поради, како што знаете и вие, на почетокот на пандемијата многу семејства останаа без работа и затоа има повеќе семејства кои бараат помош. Лани поделивме многу пакети. Годинава побарувачката е уште поголема. До сега од јануари им помогнавме на 250 семејства.“, вели Љуље Мифтари.
И од други здруженија за време на Рамазан е зголемена побарувачката за помош. Неџат Лика од Клас на милосрдието, вели дека се трудат да им излезат на помош на сите граѓани.
„Пандемијата го зголеми бројот на барања на семејствата кои имаат потреба од тоа, но се трудиме на сите да им излеземе во пресрет. На сите оние кои побарале помош во нашата организација, ние сме им помогнале.“, вели Неџат Лика.
Разни хуманитарни акции во земја се организираат и од страна на самите граѓани. Во населбата Џон Кенеди на еден агол од улицата се дели бесплатно леб на сиромашните секој ден од 15 часот.
