Минатата недела отстранети 229 возила од јавните површини во Скопје

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Во текот на изминатата недела (03.06 – 09.06.2021 година) со специјалните возила пајак се подигнати 229 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила 21 е отстрането од зонските паркиралишта, а другите 208 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 411 возила, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг- услуга. Од нив, 21 возило е отстрането со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Градот Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до
граѓаните да го чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање, навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата, за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото.


Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС порака или со греб картичка.