„Минималната плата содржи многу политика, а малку суштина“, вели Димитриевски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Актуелно деновиве е прашањето околу зголемување на минималната плата. Ова го коментираше претседателот на ЗНАМ и градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21.

Тој кажа дека минималната плата во земјава содржи многу политика, а малку суштина. Се согласува дека платите во Македонија се мали, но дека покачување на платите ќе значи и покачување на цените.

„Минималната плата во државата содржи многу елементи на политика, а многу малку на суштина. Парите секогаш се малку, и платите се мали во Македонија, но покачувањето на платите значи и покачување на цените, особено на давателите на јавни услуги. Јас сакам моите јавни претипријатија да имаат високи плати, но цените на услугите ќе бидат повисоки. Се работи за многу политика, а малку суштина. Граѓаните треба да знаат дека зголемување на минималната плата за која се залагаат синдикалци, квазисиндикалци, политички личности, носи само бенефит за државата. Тоа значи повисоки придонеси и приходи кон државата. Суштината на договорот не е во Владата, туку во економско-социјалниот совет“, рече Димитриевски.