Министерката за образование најави нова стратегија: Настава во една смена, подолг престој во училиштата и тридневна настава

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска најави нова стратегија во училиштата со едносменска настава, подолг престој на ученици и наставници во училиштата и целодневна настава. Со ова, според Јаневска, бенефит ќе имаат учениците, но и ќе се рационализираат и трошоците.

Наставниците кои ќе бидат вишок од оваа оптимизција, Јаневска вели дека тие ќе им помогнат на децата да добијат повеќе знаење по завршувањето на наставата.

Но, според претставничката на УНИЦЕФ, Лесли Милер, една од причините зошто учениците од Македонија имале слаб успех на тестот ПИСА се долгите часови на настава. Таа рече дека ќе разговараат за можноста за подобрување на состојбите, прилагодување на системот и потребите на учениците.

-Сите знаеме дека во Северна Македонија имаме криза во учењето, со слаб успех на учениците во оценувањето ПИСА. Две третини ученици имале слаби резултати по читање, математика и природни науки. Постојат многу причини за ова и денес ќе разговараме за некои од причините. А една од нив е дека учениците имаат премалку часови, во просек студентите овде и основните училишта имаат по 9 наставни часови, изјави Лесни Милер од УНИЦЕФ.

Инаку денеска се организираше панел дискусија на тема „Образованието поттикнато од реалните потреби на студентите-широка инвестиција на наставниот кадар и инфраструктурата“ организирано од Асоцијаијата за истражување и анализи.