Министерот Дурмиши одржа средба со косовскиот амбасадор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши оствари средба со амбасадорот на Република Косово во нашата држава Флоријан Ќехаја
Амбасадорот упати честитка до новата Влада и до министерот Дурмиши за
неговото преземање на фунцијата министер за економија и труд.

На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на
билатералната и регионалната соработка.

Министерот Дурмиши изрази очекување дека позитивниот тренд во развојот на економските односи со Косово, како наш значаен трговски партнер, ќе продолжи и во иднина.