Министерот Ферати со нов пристап кон Охридскиот договор: млади, вештачка интелигенција и социјална инклузивност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за односи меѓу заедниците, Агoн Ферати, на денешната средба со амбасадорот на Република Косово, г. Флориан Ќехаја, презентираше нов пристап кон иднината на Охридскиот договор, со фокус на младите, иновациите, вештачката интелигенција и социјалната инклузивност.

Ферати истакна дека 25 години по Охридскиот договор, институциите не треба да останат само на симболика, туку да создаваат конкретни, мерливи и развојни иницијативи кои ќе имаат реално влијание врз младите и општеството.

Од средбата произлезе и конкретна идеја за соработка — Beyond Borders Lab, заедничка работилница насочена кон млади, вештачка интелигенција, иновации и нови дигитални технологии.

Според Ферати, целта е преку вакви иницијативи да се поттикнат нови форми на соработка, размена на знаење и создавање можности за младите, со јасна порака дека современиот пристап кон Охридскиот договор треба да биде поврзан со иднината, развојот и инклузивноста.