Министерот Филипче открива кога и колку вакцини ќе пристигнат во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче во „Клик Плус“ на ТВ21 открива колку вакцини и кога истите ќе пристигнат во нашата земја.

Филипче исто така објасни кои се првите кои ќе се вакцинираат.

„400 илјади вакцини треба да добиеме, чекаме да дојде како одговор. Тоа е многу тешко да се каже кога ќе пристигне. Не сум сигурен дека и тоа оние го знаат, тоа е суштината на Ковакс механизмот, ќе добијат оние кои ќе аплицираат. Верувам дека ќе биде некаде во март месец, но не е сигурно“, рече Филипче и додаде:

„Кој ќе биде вакциниран? Најпрво здравствените работници, војската, полицијата, јавниот транспорт, хронични болни, сите ризични групи согласно препорака од лекар“, вели министерот за здравство.

За ова имаше коментар и д-р Дејан Докиќ. Сето тоа може да го погледнете во видеото подолу: