Министерот Нухиу го потпиша актот за двојазични амблеми на полициските униформи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за внатрешни работи Агим Нухиу на својот Фејсбук профил објави дека се потпишани нормативните акти со кои амблемите на полициските униформи ќе бидат напишани и на албански јазик.

„Ги потпишавме нормативните акти за амблемите на полициските униформи да бидат и на албански јазик. На сообраќајната полиција, граничната полиција, хелихоптерската единица за полициски должности, специјална работна сила“, посочи Нухиу.