Министерот за правда Јетон Шасивари им ги додели Повелбите на новоименуваните нотари

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Упатувајќи им искрени честитки, им посака успешна и професионална работа, со порака дека, заедно со своите поискусни колеги, треба да бидат цврст темел на правдата, правната сигурност и владеењето на правото.

„Вашата професионалност, интегритет и одговорност се од особено значење за јакнењето на довербата на граѓаните во правниот систем“, истакна министерот Шасивари.

Новите нотари ја преземаат својата одговорна функција со обврска да постапуваат совесно, непристрасно и во согласност со законите, придонесувајќи кон ефикасен и сигурен правен систем.

Им посакуваме многу успех, професионални предизвици и резултати во извршувањето на нивната значајна функција, со уверување дека нивната работа ќе биде во служба на граѓаните и правдата.