Министерство за транспорт: Утре се пушта во сообраќај уште еден дел од автопатот Охрид – Кичево

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерството за транспорт најави дека утре (недела) ќе се пушти во употреба нова делница од автопатот Охрид – Кичево.

Овојпат ќе биде пуштен делот од автопатот од Клемештани до Охрид.

По тој повод на делницата ќе присутвуваат премиерот Христијан Мицкоски, министерот за транспорт Александар Николоски, директорот на ЈП за државни патишта, Коце Трајановски и градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков.