Министерството за здравство: Зборувајте со децата за коронавирусот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од министерството за здравство апелираат родителите да зборуваат со децата за коронавирусот, да објаснат зошто треба да седат дома, и да ги тераат често да ги мијат рацете и да ја одржуваат хигиената.

„Зборувајте со децата за ситуацијата со коронавирусот. Објаснете им како да препознаат, како да се заштитат и зошто треба да седат дома. “, велат од министерството за здравство.