Петмината министри од ДУИ на своите Фејсбук страници објавија фотографии како ги потпишуваат оставките кои ќе стапат на сила на денот кога ќе се гласаат за уставните измени, односно доколку пратениците на ВМРО-ДПМНЕ гласаат ЗА. Оставка најави и претседателот на Собранието, Талат Џафери.
И од СДСМ велат дека се исполнети сите услови ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за уставните измени.
Но, за претседателот на ВМРО-ДПМНЕ оставките се само план за купување време и бегање од предвремени избори. Според него законските прописи на државата не предвидуваат таква постапка.
Инаку, ДУИ да оди во опозиција беше едно од барањата што произлезе од лидерската средба меѓу Ковачевски и Мицкоски како услов ВМРО-ДПМНЕ да гласаа за уставните измени.