Утрово регистрирани се минусни температури низ Македонија.
Според информациите на УХМР, најстудено е во Берово каде се измерени -7 степени.
Следуваат -5 Крива Паланка, -4 Скопје – Петровец, Демир Капија, -3 Гевгелија, Прилеп, Тетово, -2 Охрид, Виница, Крушево.
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец. Во текот на ноќта почнувајќи од западните делови ќе има врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни врнежи ќе има во западните делови, особено на планините каде што ќе се зголеми снежната покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 11 степени.
