Минусни температури утрово на неколку места во Македонија

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Попова Шапка, Лазарополе, Маврово и Крушево утрово се разбудија со минусни температури. На Попова Шапка беа измерени -4 степени, додека во Лазарополе -2. Во Маврово и во Крушево беа измерени -1 степен.

ИЗМЕРЕНА ТЕМПЕРАТУРА ВО 7 ЧАСОТ (ВО оС)

-4 Попова Шапка, -2 Лазарополе, -1 Mаврови Анови, Kрушево, 1 Берово, 3 Претор, 4 Крива Паланка, Битола, 5 Прилеп, Охрид, 6 Виница, Куманово, Демир Капија, Тетово, 7 Скопје-Зајчев Рид, 8 Штип, Велес, Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци, Гевгелија.

На Попова Шапка има 60 сантиметри снег, додека во Крушево 1 сантиметар.

Времето денеска променливо облачно, во западните делови со повремени слаби врнежи од дожд, а на планините и на некои од повисоките места од снег. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од североисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15 степени.