Порастот на бројот на заразени со корона вирус повторно ја стави Македонија на црната листа за патувања во државите на ЕУ. Одлуката ќе се донесе утре доколку биде поддржана од сите земји членки.
Ограничувања на граничните премини воведе и нашата земја. Почнувајќи од 1-ви септември или среда, сите граѓани кои ќе патуваат надвор од Македонија, како наши така и странски државјани, треба да поседуваат сертификат за вакцинација, или негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или брз антиген не постар од 48 часа. И за влез во Македонија ќе се бара еден од овие ковид документи, а доколку ги немате, одите во карантин. Државјаните кои ќе патуваат транзит во Македонија треба да пополнат изјава на граничните премини на Северна Македонија.
Бугарија ја стави нашата земја на листата ризични земји од Ковид 19, затоа, вооваа држава не може да се влезе без ПЦР тест или сертификат за вакцина.
Вакви мерки воведе и Косово кое го врати полицискиот час.
Исто така косовската влада одлучи учебната година која се предвидува да започне на 1 септември, да се одложи до 13 септември. Исто така од 1 септември, за влез во Косово ќе има услови. Грција нема да дозволи невакцинирани лица да влегуваат во гастрономски објекти, објекти од културата како и здравствени, но и на други места. Вработените треба барем еднаш неделно да се тестираат, исто така ќе се бара тест или вакцина при влез во оваа држава, а новите мерки ќе важат до 13 септември. Инаку нашиот западен сосед, Албанија и северниот, Србија, не најавија ограничувања или услови за минување на границата.
