Мировните преговори можат да започнат само кога Украина е на позиција на сила, вели шефот на НАТО

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новиот шеф на НАТО, Марк Руте денеска на прес конференција, која се одржува пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО, истакна дека мировните преговори можат да започнат само кога Украина е на позиција на сила.

„На Украина не и требаат повеќе идеи за тоа како би можел да изгледа мировниот процес. Улогата на алијансата е „да се погрижи Украина да го има она што и е потребно за да дојде до позиција на сила кога ќе започнат тие мировни преговори“, вели тој.

Тој додава дека мировните преговори „може да започнат само кога Украина е во позиција на сила“.

Тој, исто така, вели дека сака да види „повеќе воена помош и помалку дискусии за тоа како би можел да изгледа мировниот процес“.