По 19 години заврши последната ротација на припадниците на Армијата на РСМ во Авганистан. Во периодот од 2002 до 2015 година, околу 3.000 припадници на Армијата беа дел од силите ИСАФ во Авганистан, на различни позиции и со различни задачи. Мировници се вратија дома, а со тоа заврши и учество на Армијата во мисиите на НАТО – „ИСАФ’’ и „Одлучна поддршка на НАТО“, по донесената одлука на сите земји членки на Алијансата да ја завршат мисијата.
Претставниците на Армијата кои беа во Авганистан ги поздрави и Претседателот на државата Стево Пендаровски.
Војниците работеле како штабни офицери, припадници на единици на обезбедување на главната команда, инструктори во тимови за менторирање, а беа дел и од медицински и хируршки тимови. Во ИСАФ, свој придонес дадоа и специјалните единици, кои работеа заедно со припадниците на Националната гарда на Вермонт.
Северна Македонија во ИСАФ соработуваше со поголем број на партнери, односно сојузници – САД, Германија, Турција, Обединетото Кралство, Норвешка, Грција, Чешка, Франција, а биле испратени офицери и како дел од земјите на Јадранската повелба А3 со Албанија и Хрватска, односно подоцна и земјите од групата А5.
