Дебатата за намалување на платите на административците доби големи размери. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во емисијата „Клик Плус“ ја обвини СДСМ дека додека се обидува да ги намали платите на административните службеници поради кризата со коронавирусот, врши вработувања во општините со кои раководи партијата.
Реакција од градоначалникот на Гази Баба. Тој за ТВ21 рече дека средствата кои ги спомнува ВМРО-ДПМНЕ се предвидени уште во 2018-тата. Истите како што објаснува Георгиевски, не се реализирани во целост, туку само 12 милиони денари – не во овој период и не се партиски вработувања.
Мисајловски во „Клик Плус“ упати отстри критики и за мерката за намалување на платите на административците, барајќи платите да им бидат намалени на функционерите. На ова министерот за информатичко општество рече дека е подготвен да прифати намалување на платите со цел да му се помогне на државниот буџет од штетите предизвикани од кризата со коронавирусот.
