
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска во емисијата „Daily Click“ на ТВ21 откри што се разговарало на средбата со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин каде се потпиша и Писмо за намери за усогласен коридор за воена мобилност.
„Ова е писмо на намери кое го поминавме на првата и втората седница на Влада, иако подолго време се разговара во Владата веднаш го ставив за да имам можност да го потпишам ова писмо за намери, а потоа ќе одат сите оние детали што ќе се случува во иднина“, вели Мисајловски.
Како што вели, со оваа мобилност на Коридорот 8 се олеснува процедурата за поминување на силите.
„Да има една подобра можност за се она што е пречка во транзитот, да се олесни и се разбира да си помагаме едни со други“, додава Мисајловски.
Во продолжение целата изјава:
