Мисајловски: Ние сме бренд по проекти, „бренд само по крадење може да бидете“, му врати Спасовски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Кој колку направил и кој можел повеќе се полемиките кои ги разменуваат Владо Мисајловски и Оливер Спасовски во вечерашното издание од изборната дебата на ТВ21.

„Ако некој градел и ако некој градел проекти во овие години ВМРОД-ДПМНЕ, ние ќе останеме бренд на проекти“, рече Владо Мисајловски во ТВ21.

На ова возврати Оливер Спасовски од СДСМ.

„Ако некој крадел за такви проекти може да разговараме“, му возврати Спасовски на Мисајловски.

По што претставникот од опозицијата рече дека голема е разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, а тоа според неко можело да се забележи од вечерашната дебата.

Во изборната дебата на ТВ21 вечерва дебатираат дел од носителите на листи од Изборната единица 2.