Доаѓањето на евалуациската мисија на ЕУ за проверка на работата на Судскиот совет, за првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски значи неспособност на премиерот Димитар Ковачевски да работи на нешто затоа што постојано мисли само на фотоволтаици и парцели.
Наскоро се очекува Судскиот совет да биде под лупата на ЕУ. И Судскиот совет со раширени раце ја дочека оваа одлука, барем така пишуваат во своето соопштение. Но, ова тело не се согласува со критиките упатени кон нив од експертите по судство.
„Членовите се свесни за лошата перцепција што е креирана во јавноста во изминатите месеци, но одбива да прифати дека работи нелегитимно и се носат незаконски и неаргументирани одлуки, со кои наводно се штитат нечии лични или партиски интереси. И покрај тоа што сите седници на Судскиот совет се јавни, остануваме разочарани што јавноста и граѓаните веќе подолг период остануваат покуси и неинформирани за голем број активности што ги спроведува во моментов Советот“, велат од Судски совет.
Од друга страна, вчера премиерот Димитар Ковачевски рече дека ја поздравува помошта што ја дава ЕУ за оценување на работата на телото кое треба да обезбеди независно судство и кое во последно време беше критикувано токму за можни политички влијанија.
Турбуленции во Судскиот совет почнаа на седницата на која незаконски беше разрешена поранешната претседателка Весна Дамева.
