Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 одби да ја коментира работата на обвинителството и да даде оценка дали има подобрување во неговото работење во изминатите две години.
Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали забележува напредок во работата на обвинителството, Мицкоски рече дека овој пат ќе се воздржи од коментар, бидејќи неговите изјави често се толкуваат како притисок врз институциите.
„Ќе се воздржам да коментирам, затоа што секогаш кога јас коментирам, тоа се сфаќа како некаков притисок. Затоа овој пат ќе се воздржам од коментар“, изјави Мицкоски.
