Мисоски донесе камен во Собрание – „Не сум терорист“, рече Вељаноски

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Екс собранискиот спикер, Трајко Вељаноски, одржа 15 минутен говор обидувајќи се да ги убеди пратениците дека не е виновен за “27 април“ и дека не треба да му се одземе имунитетот. За 4 обвиненија против него, Вељаноски од Комисијата побара пратениците да проценат добро дали тој извршил терористички акт. Екс претседателот на законодавниот дом рече дека пред една година бил повикан во обвинителството да даде исказ за настанот и дека сега е изненаден зошто по една година судот покренува истражна постапка против него.

Но, говорот на Вељаноски не му остави впечаток на пратеникот Горан Мисовски. Тој дури во салата на Комисијата носеше камен со себе за да ги потсети колегите што преживеаја ноќта на 27 април.

Инаку, Основниот суд побарал од Собранието да му се одземе имунитетот на Вељаноски, како осомничен за организирање на настаните од 27 април. Одземањето на имунитетот би му овозможило на судот да одреди мерка притвор на Вељаноски.  Тој се сомничи дека заедно со Никола Груевски, Миле Јанакиески, Спиро Ристовски и уште две лица се организатори на насилниот упад во Собранието на 27 април. Ова е нова истражна постапка, која нема да биде споена со досегашниот судски процес за „крвавиот четврток“. Пресудата ќе биде објавена на 15 март.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ