Мистериозна пена се појави во Русија, граѓаните во страв, властите почнаа со истрага (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дел од граѓаните на Санкт Петербург, вториот град по големина во Русија, во петок наутро беа вчудоневидени откако во еден кварт се појави пена.

Жителите на тој кварт беа изненадени од глетката. Потоа увидоа дека се доаѓа од реката Дудергофка. Облаците од пена набрзо се проширија и низ улиците.

Оваа несекојдневна глетка ги вознемири граѓаните, кои снимаа со телефоните, и го пријавија случајот кај властите. Бараа одговори што се случува.

Властите наредиле истрага, а локалните активисти се сомневаат дека наводно некој истурил хемикалија во реката од блиската фабрика од која се произведуваат детергенти. Примероци се испратени во лабораторија.