Митко Чавков излезе од затвор! Поранешниот министер е пуштен на условен отпуст од затворот во Штип

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поранешниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, од денеска е на слобода, откако е пуштен на условен отпуст од затворот во Штип. Веста ја потврди директорот на казнено-поправната установа, Дејан Здравков.

Чавков, кој ја издржуваше казната во затворот во Штип, денеска наутро околу 10 часот ја напуштил установата.

Тој беше еден од осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. За ова дело, Чавков првично беше осуден на 18 години затвор под обвинение за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.