Мицевски: Техничката влада ги покажа слабостите и време е да се укине – Спасовски: Ова не е реформа, туку чекор назад

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ смета дека било време техничката влада да биде укината. Според него, првата техничка влада функционирала со одредени предизвици, но без сериозни нарушувања, за разлика од следните влади во кои, како што посочи, се појавиле „деформитети“ во работењето. Мицевски како преседан го посочи и разрешувањето на поранешната министерка за труд и социјална политика Рашела Мизрахи, оценувајќи дека тоа дополнително ја покажало нефункционалноста на техничката влада.

„Првата техничка влада функционираше на начин на којшто функционираше со одредени проблеми во функционирањето помеѓу министрите и помошниците министри, меѓутоа беше влада во која што не се појавија деформитетите кои што се појавија во следните влади. И да не заборавиме, тогаш се направи првиот и најголем преседан, поради кој деформитетот на техничката влада требаше веднаш да биде ставен на гласање, односно да се укине, а тоа е што во тој период разрешивте актуелен министер, предложен од ВМРО ДПМНЕ во името, ликот и делото на Рашела Мизрахи за техничка влада за која што опозицијата во тој момент даде име. И веќе тука таа техничка влада почна да ги покажува своите аномалии за кои што постоеше. Да не заборавиме дека во неформални разговори сите вие до еден, ама сите до еден што сега сте опозиција, тогаш бевте на власт и имате давано свои видувања на целата работа и ставови. Дека техничката влада е непродуктивна, неконструктивна и ден порано треба да се укине. ВМРО ДПМНЕ и во фаза на опозиција го бараше ова. Да се потсетиме дека и во 2022 и 2023-та година како опозиција баравме укинување на техничката влада“, вели Мицевски.

Реагираа и од СДСМ, поточно пратеникот Оливер Спасовски кој кажа дека укинувањето на Пржинската влада не е реформа, туку чекор назад.

„Зошто укинување? Заради тоа што ова постоечко законско решение кое што сега се менува е форматот којшто е договорен во разговорите во Пржино, така наречени пржински разговори и единствено законско решение во кое што стои во самиот закон дека ова договор помеѓу четирите најголеми партии во Собранието. 

Никаде во ниту еден друг закон тоа го нема освен во ова законско решение. Зошто? Заради тоа што тогаш се водеа такви разговори во коишто се преговараше за низа решенија во политичкиот систем. Едно од нив беше и формирањето на ваква техничка или преодна влада во којашто навистина беа искажани недоверба кон системот, злоупотреба на институциите итн во тој тој период. И за волја на вистината тоа законско решение коешто беше донесено во тој период па еднаш изменето во 2016 година со одредени промени во делот на функционирањето на одредени министерства, во преодните и завршните одредби имаше важност за парламентарните избори во 2016 година. Со завршувањето на парламентарните избори во 2016 година овие одредби од Законот за Влада престанаа да важат. 

Значи немаше одредба која што продолжува понатаму техничката влада. Е сега во 2018 година во разговори кои што ги има тогашниот лидер на опозицијата, Мицкоски, сегашниот премиер, бара во име на коалицијата да повторно се воведе така наречена техничка или преодна влада и оценува дека тоа е потребно заради тоа што се уште институциите не се на а висината на демократското управување кое што треба да го има државата и во одредбата којашто ја бара да стои во законското решение, а кое што подоцна се усогласува, е дека оваа техничка влада треба да има важност до влегувањето на Македонија во Европската Унија. Зошто? Заради тоа што се смета дека до влезот на Европската Унија се уште нема таков сериозен демократски капацитет во кој што би имале сите политички партии доверба во процесите и на основа на тоа се прифаќа такво законско решение во кое што денеска, се нуди сосема спротивен став.

И сега ако цениме по тоа дали сериозно многу напреднала Македонија во овие две години, не, напротив мислам дека во многу сегменти се уназадува и е далеку од тоа да се носи сега образложение, „знаете укинувањето на техничката влада е заради тоа што сега ние имаме подобри перформанси на институциитенего кога би имале членство во Европската Унија“, рече Спасовски.