Христијан Мицкоски, претседателот на Владата вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 истакна дека 30 до 45% од Албанците се задоволни од оваа Влада.
Како што вели, три пати прави мерења во месецот.
„Сега имаме 35-40% од Албанците кои се задоволни од оваа Влада. Имаме некојси 20-30/35 кои не се задоволни и останатите не знам/немам одговор. Не велам дека тие анкети се точни, но јас правам три пати мерења во месецот, и по етнички состав правам кростабулации“, вели Мицкоски.