Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека доколку екс премиерот Никола Груевски се појави во Македонија, ќе заврши во затвор на отслужување на казна, со оглед дека против него има правосилна пресуда.
„Јас немам никакви очекувања, но ако Груевски се појави во Македонија, тој има правосилна пресуда, и органите на редот ќе го обезбедат и ќе го упатат на отслужување затворска казна согласно правосилна одлука. Ова е Влада за која сите закони важат, и таа мора да ги почитува законите, а потоа секое лице како и споменатото може да ги користи своите права, да поднесува жалби, претставки и така натаму. А, дали ќе појави и кога ќе се појави, јас тоа не би можел да кажам“, изјави Мицкоски.
