Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за „360 степени“ вели дека пред завршувањето на првите 30 дена од прогласувањето на вонредната состојба било договорено да има лидерска средба и да се слушне потребата од следни 30 дена.
Тој оценува дека дел од уредбите не биле воопшто потребни, како таа која се однесуваше на СЈО.
„Апелирам до претседателот Пендаровски и до останатите политичари, веднаш по завршувањето на првомајските празници за кога владата најави дополнително релаксирање на состојбата, да имаме лидерска средба и да разговараме за состојбата во којашто се наоѓа државата“ вели Мицкоски за „360 степени.“
