Мицкоски бара разбирање за македонскиот јазик, но има услови за албанскиот

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Бара разбирање во бранење на македонскиот јазик наспроти Бугарите, но на прашањето – дали би поддржал терминот „20%“ да се замени со „албански јазик “ во Уставот, првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски бара првин да се укине Балансерот и Бадентер.  

Веќе со години во Уставот на Македонија стои дефиницијата „втор службен јазик во Северна Македонија е јазик кој го говорат 20% од граѓаните на земјава“.

Албанската опозиција побара терминот „20%“ да се замени со „албански јазик“, бидејќи, како што велат, ваквата дефиниција е навредлива за Албанците. Во неколку наврати дури изјави дека кога ќе се отвори Уставот за вметнување на Бугарите, еден од условите за нивниот глас ќе биде токму ова прашање.