Денеска премиерот Христијан Мицкоски ќе оствари средба со работната група која работи на решавање на прашањето за полагање на правосудниот испит на албански јазик.
Работната група подготвила нацрт-предлог, кој ќе му биде презентиран на премиерот. Мицкоски очекува позитивно решение кое ќе биде во согласност со законите и Уставот.
Тој изрази очекување дека до крајот на овој месец ќе биде усвоен предлог, кој потоа ќе биде доставен до Венецијанска комисија за мислење, а потоа и до Собранието за негово усвојување.
