Мицкоски го оцени како конструктивен предлогот на Урсула фон дер Лајен за средба со Бугарија, од Софија сè уште нема одговор
Коментирајќи ја вчерашната средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во Скопје, премиерот Мицкоски го оцени како конструктивен нејзиниот предлог за директна средба со властите во Бугарија. На новинарско прашање што ќесе случи доколку Софија го одбие предлогот, Мицкоски рече река тоа не би било паметно.
„Доколку одбијат, тогаш уште еднаш ќе се потврдат сите оние тези кои што ние ги имаме и за што сме загрижени. Не очекувам, не би било паметно да да одбијат. Но, во ред, тоа е нивна суверена одлука, не е тоа наша одлука“, изјави Мицкоски.
Тој рече дека добил конструктивен совет од претседателката на ЕК да го замоли министерот за надворешни работи и надворешна трговија да побара средба на маргините на состанокот по повод Коридорот 8.
„Јас тоа го сторив бидејќи ценам дека претседателката апсолутно беше во право кога го предложи ова. Министерот побара. Сега останува на нашиот источен сосед да одлучи што понатаму“, посочи Мицкоски, додавајќи дека нема информација дека има одговор до овој момент.
