Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека има 10 идеи како Македонија да стане дел од Европската Унија.
„Е сега дали имаме план како да најдеме решение за Македонија да стане европска членка, имам 10 идеи, не можам да кажам дека имам план, и јас и соработниците подготвени сме да разговараме, но не е планот променете го уставот и толку, и после тоа никој ништо не ви гарантира, е тоа не е план“, вели Мицкоски.